| четврток, 6 декември 2018 |

Турците бесни: Руски бомбардер упаднал во нивниот простор

Турција тврди дека руски борбен авион Су-34 го нарушил турскиот воздушен простор и поради тоа е врачен повик до рускиот амбасадор во Анкара.

ruski suhoj

Како што е наведено во соопштението на турското МНР, пилотот на рускиот авион е предупреден на руски и англиски јазик пред да влезе во воздушниот простор на Турција.

Турција тврди дека инцидентот со рускиот авион се случил вчера.

Министерството ја обвини Русија за ескалација на тензиите и предупреди дека Москва ќе биде одговорна за евентуални „лоши“ последици.

Руската амбасада во Анкара потврди дека до амбасадорот е врачен повик.

Тензиите меѓу Русија и Турција ескалираа во ноември, кога Турците соборија руски воен авион од типот Су-24 на границата со Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top