Ангелите на Викторија навистина изгледаат фантастично, но веројатно и не се сеќаваат кога последен пат пробале парче торта или пак грицнале сочен сендвич.
Драстичниот режим на исхрана и вежбањето на кое се подвргнуваат овие девојки пред ревиите е за сите нас веќе нешто познато, а еве и некои намирници кои, според нивните признанија, славните манекенки никогаш не ги јадат.
Жизел Бундхен
Убавата Жизел неодамна откри дека таа и нејзиниот сопруг практикуваат строга диета во текот на целата година и јадат само органски производи.
Она што не го јадат се наоѓа на овој попис: кофеин, шеќер, млечни производи, глутен, сол, поголем дел од овошјето, домати, печурки, пиперки.
Миранда Кер
Убавата Миранда е познат поборник за здрав начин на живот и органска исхрана, што таа го доведува до вистинска екстремност.
На пример, Миранда секогаш ги лупи јаболките, што не би било воопшто чудно ако не ви напоменеме дека таа ја јаде само кората, додека остатокот го фрла.
Каролина Куркова
Долгоногата русокоса е малку поразумна за разлика од своите колешки, па одбива да јаде само генетски модифицирана храна.
Тејлор Хил
Новата надеж на Victoria’s Secret посебно презира само една намирница и никогаш не јаде – кромид!
Ел Мекфирсон
Ел не исклучува одредени намирници од своето мени, туку постапува прилично разумно – помалку месо и млечни производи, а повеќе овошје и зеленчук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.