| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот на рускиот пилот се појави во Истанбул и порача: Не се плашам од Русите!

Убиецот на рускиот пилот од соборениот бомбардер Су-24 се појави на интервју во Истанбул и порача дека не се плаши од Русите.
alparslan-celik-intervju-turcija-tocka-2016-02

Алпарслан Челик, човекот кој тврди дека го убил рускиот пилот Олег Пешков откако турските воздухопловни сили го соборија рускиот воен авион Су-24 минатата година, даде интервју за турската новинска агенција „Доган“ и порача дека „Не се плаши од Русите“.

Да потсетиме, Русија побара од турските власти Челик веднаш да се уапси, но очигледно официјална Анкара нема да го стори тоа. Не само што Турците нема да го предадат туркменскиот генерал на Русите, туку Челик во Турција прерасна во еден вид на национален херој.

alparslan-celik-intervju-turcija-tocka-2016-01

Во интервјуто Челик истакна дека заминал да се бори во туркменските планини во Сирија пред две години и вели дека не се плаши од никого, освен од Бог. Тој порача дека ќе продолжи да се бори „до последниот човек, до последниот здив и до последната капка крв“.

Убиецот на рускиот пилот не пропушти да побара од турските власти да им испратат оружје на неговите туркменски милитанти на северот на Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top