Порталот „Курир“ објави дека е поднесена кривична пријава против тројца обвинители од Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева до Основното јавно обвинителство.
Како што пишува „Курир“, според информациите обвинителите се осомничени дека сториле малтретирање во вршење на службата. Од Основното јавно обвинителство потврдуваат дека до нив се поднесени една тужба против три и против непознати лица за малтретирање во вршење на служба и втора во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција против лице вработено во полиција за незаконско влијаење врз сведоци.
„Курир“ објавува дека според пријавата лицето било посетено од непознати лица кои му се претставиле како истражители од СЈО, а кои дрско и со закана го убедувале да прими покана и да се јави на разговор во Обвинителството на Јанева.
Малтретирањето, според пријавата на лицето, продолжило откако истото се појавило во Специјалното обвинителство, каде како што вели било уценувано и психички малтретирано од тројца обвинители кои барале да појасни службена процедура која воопшто не ја работи. Обвинителите од тимот на Јанева тука се застанале. Според подносителот на пријавата, паднале и закани дека ќе биде обвинет/а и „дебело ќе одговара“.
„Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата и како не уназадува? Ти имаш фамилија, соработувај инаку ова нема тука да застане“.
На ваков начин се обраќале обвинителите подредени на Катица Јанева кон лицата повикани на разговор. Надвор од секаква процедура пропишана со закон, крајно пристрасно и политички, овластените соработници на Катица Јанева во недостаток на докази вршеле брутални притисоци за да изнудат изјави и искази кои не кореспондираат со фактичката состојба.
Спротивно на законот, членови на тимот на Катица Јанева се јавувале на приватни телефони и испраќале пораки, повикувајќи лица во ресторани или на паркинзи. На едно од повиканите лица, дури е нуден и поткуп за да даде исказ во согласност со насоките кои ги добиле од нивната претпоставена.
Ваквите незаконски дејствија, резултираа со две кривични пријави. Првата по службена должност против вработен во МВР заради „незаконско влијание врз сведоци“, за што е предвидена затворска казна од една до три години, поднесена против вработен во МВР кој имал чести контакти со тимот на Катица Јанева и Оливер Спасовски.
Вработениот кој изминатиов период беше метеорски унапреден од Спасовски, се обидел со пари да го подмити повиканото лице да биде сведок на Катица Јанева. Втората кривична пријава е поднесена против тројца обвинители од тимот на Катица Јанева, меѓу кои и кумот на Филип Медарски-адвокат на Зоран Заев, заради „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик чиј текст вели дека „ тој кој што во вршењето на службата малтетира друг, го застрашува, го навредува или воопшто спрема него постапува на начин со кој се понижува човечкото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор од една до пет години“.
Се чини дека заканите и нападите кои се изрекуваат во СЈО станаа практика за работа на специјалното обвинителство. Имено, вчера преку соопштение, обвинителката Катица Јанева им се закани на медиумите.
-Ги демантираме во целост наводите објавени од страна на „Курир“ и други медиуми дека од страна на јавни обвинители од ова Јавно обвинителство постапувано е спротивно на законските одредби во преземањето на процесните дејствија, како и дека ваквите наводни активности се по налог на Катица Јанева. Ова Јавно обвинителство, иако беше изложено на неосновани напади и во претходниот период, покажа висок степен на толеранција спрема лицата кои изнесуваа невистини, навреди, клевети и се служеа со говор на омраза насочен кон обвинителството. Со оглед дека бројните апели од наша страна не дадоа резултат, а како е потребно да се заштити интегритетот и безбедноста на јавните обвинителии нивните семејства, ја известуваме јавноста дека во периодот што следи против одредени лица ќе бидат покренати соодветни граѓански постапки за клевета и навреда, како и кривични постапки за лажно пријавување на кривично дело, стопи во соопштението од СЈО.
Јанева се заканува до медиумите без притоа да одговори на бројните прашања кои и ги должи на јавноста за повеќе нејзини одлуки и чекори.
Дополнително медиумите изминативе денови пренесуваа дека Јанева и лидерот на СДСМ Зоран Заев имале средба надвор од Скопје каде бил договорен мастерплан за одложување на изборите.
Истиот, според објавените информации требало да се реализира пред посетата на Хан и да кулминира со провокации, упади по домови и други незаконски дејствија. Како што се скусувале роковите дадени од Заев и како што растел притисокот кој лидерот на СДСМ во континуитет го вршел, од една страна, така се зголемувала и агресивноста на тимот на Катица Јанева од друга, бидејќи биле соочени со фактите дека ниту има предмети, ниту постојат аргументи за покренување на каква било постапка. Двајца од обвинителскиот тим на Јанева, кои се исклучително блиски со СДСМ и практично се директен линк со партијата, изминатиов период имале секојдневни средби со генералниот секретар Оливер Спасовски за да ги координираат активностите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерот покрена постапка против романската обвинителка Ковеси, другарката на Катица
-
Катица Јанева: Покренуваме обвинение против пајакот
-
Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски (видео)
-
Маневски: Треба да се избере професионален јавен обвинител, а не некој како Јанева