| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА им допушти на Реал и Атлетико да пазарат и на лето

florentino perez

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез пред неколку дена најави дека ФИФА ќе им прогледа низ прсти на мадридските гиганти и ќе им дозволи да продаваат и купуваат играчи во летниот преоден рок. Тоа што тој го најави и се оствари.

Имено, посебна комисија на Светската фудбалска организација одлучи да ги прифати жалбите на двата великани и да ја суспендира својата одлука додека случајот не биде истражен и решен во целост.

ФИФА соопшти дека за санкциите на Реал и Атлетико ќе се огласи дури по завршувањето на сезоната во Шпанија. Јасно е дека ниту едните, ниту другите нема да поминат без адекватна казна, но додека таа не биде изречена, и двете екипи ќе можат да вршат трансфери, а тоа не им беше овозможено со првобитната одлука.
Реал и Атлетико се на тапет кај ФИФА поради нерегуларности при купување на млади фудбалери. Од истата причина и Барселона беше казнета, но во случајот на Каталонците суспензијата не беше одложена до донесувањето на конечната одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top