| четврток, 6 декември 2018 |

Родман- агент на ФБИ?

Kim Jong-un and Dennis RodmanНекогашната американска кошаркарска ѕвезда Денис Родман вели дека го побарале од Федералното биро (ФБИ) по престојот во Северна Кореја

-Ме повикаа од ФБИ и отидов на состанок. Сакаа да знаат што се случува и кој навистина е на власт во Северна Кореја. Јас не сум тотален идиот и многу добро знам што Ким Јонг Ун се заканува да направи. Се надевам дека тоа нема да се случи, а сигурен сум дека САД ќе направи се за да се заштити себе и сојузниците- изјави Родман.

kim-jong-un-rodman-229p.photoblog600Тој годинава беше Северна Кореја, како дел од експедицијата која што ја промовираше кошаркарската дипломатија. Тој повторно е поканет да замине во Пјонгјанг во август.

-Не гледам зошто повторно би одел во таа земја- се прашува Родман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top