Австрија инкасира огромни суми на пари од нафтените деривати, иако минатите недели цената на дизелот и супер бензините беа на најниско ниво во изминатите години.
Во време кога литар бензин “супер” во просек чини само околу 1,050 евра, државата зема 65,7 центи врз основа на разни даноци. Тоа е удел на данокот во висина од 62,5 проценти. Колку е пониска цената на горивата, тоа е поголем товарот од данокот, затоа што данокот на нафтените производи е фиксен и не зависи од цената, укажува автомобилски клуб OeAMTC.
Доколку „супер“ би бил дури и бесплатен, потрошувачот ќе мора да плати 48,2 центи за литар, додека кај дизелот тоа е 39,7 центи, плус ДДВ. Уделот на данокот на литар „супер“ е 62,5 насто, а тоа е 48,2 ценати данок на нафтени деривати за литар и 17,5 центи ДДВ. Кога се работи за „дизел“, уделот на данок е 59 насто, односно 39,7 центи за данок на нафтени деривати 16,6 центи за ДДВ.
Овие даноци во Австрија прават цената на нафтата на пумпите не паѓа како на светските пазари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.