Германската фабрика на “Дрекслермаер” во Кавадарци деновиве го започнала својот извоз, инфомираа од Советот на општина Кавадарци.
Фабриката произведува електрични кабли за мерцедес “Ц” класа.
– Најголемо наше задоволство кое заслужува многу големо внимание оти токму во Кавадарци дојде оваа германска инвестиција при што засега се вработија над 300 работници а во неколку фази ќе се вработат околу 4 илјади работници. Владата на Република Македонија има голема заслуга за тоа што германскиот инвеститор дојде во градот на виното. Менаџерскиот тим на компанијата исто така има голема засуга затоа што создаде добар тим на работници кои успешно го реализираа првото производство по највисоки стандарди. Ова е голем успех за сите нас и јас посакувам тој извоз постојано да расте. Морам да нагласам дека нашите работници се вредни и со првото производство потврдија дека знаат да произведат квалитет – вели Илија Тренчев, претседател на Советот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.