Сѐ поголем е бројот на родителите што се жалат дека нивното дете уште не зборува, а навршило три, дури и четири години. Развојот на говорот е индивидуален и постојат големи отстапки меѓу децата, но бидејќи денес сѐ почесто се говори за аутизмот и за аутистичниот спектар, голем е бројот на родителите што во однесувањето на децата наоѓаат симптоми, кои би можеле, но не мораат да ја докажат таа дијагноза.
Отсекогаш имало и ќе има деца што се мрзливи за говор, така што тие ќе почнат да зборуваат кога ќе решат. Дури и педијатрите се склони кон тврдењето дека е потребно трпение за детето да почне да зборува.
Но, еден невролог можеби ја открил причината зошто е поголем бројот на децата што доцна почнуваат да зборуваат. Станува збор за неврологот Олег Комаровски од Новосибирск, чиешто истражување е објавено на неговата веб-страница.
Тој во истражувањето што го направил и кое траело пет години, наишол на многу деца што не прозбореле до својата трета година. Зошто е тоа така, научно не е докажано, но тој создал мислење на темел на видените искуства. И, како што вели тој, „ова мислење не го претворајте во наука, тоа се само мои опсервации. Но, едно нешто забележав и ми се чини дека коцките почнаа да се редат“.
– Деца што на возраст од три години дојдоа кај мене на преглед навистина имаат многу слични симптоми на децата што боледуваат од класичен аутизам, но ја немаат таа дијагноза ниту, пак, некогаш ќе ја имаат. Тие имаат друга дијагноза, која се вика екраноманија. Овие деца од најмала возраст се приковани за екраните и тоа не е некоја модерна флоскула, туку тоа се факти на кои студиозно се приоаѓа. Сите деца што беа на преглед веќе на една година имаат таблети, паметни телефони, лаптопи, бидејќи, за жал, денес тоа е дел од воспитувачкиот процес. Овие деца по две години покажуваат поразителни последици – нивната мимика е вкочанета, погледот им е насочен право, а секој обид да им се одземе уредот од раце завршува со негодување и агресија. Говор нема, дури ни во обид. Откако ќе им биде одземен уредот, децата продолжуваат да гледаат право, без интересирање за светот околу себе или комуникација со другите – вели неврологот.
Неврологот Олег Корен не исклучува дека кај некои деца не се развива некој облик на аутизам или аутистичен спекат, но знаејќи колку е лесно да се помеша причината со последицата, се потрудил да навлезе подлабоко во проблемот за да ја докаже причинско-последичната врска меѓу долгогодишното користење на овие уреди во најраната возраст на детето како еден облик на стереотипно однесување, за жал.
За да даде поткрепа на оваа теза, објавил случај со едно девојче, кое на шест-седум месеци било нормално, здаво, весело бебе, кое мавало со рачињата и зборувало па-па. На седум-осум месеци почнала да јаде во столче, пред телевизорот, или со некој уред во раката. На 15 месеци веќе не реагирало на повикот од родителите. Лекарите советувале да се тргнат сите електорнски уреди од неа. Првите денови била нервозна и лута, не создавала никаков контак со очите.
По малку, почнал да се враќа контактот, почнала да покажува со раката што сака. Денес таа уште заостанува зад своите тригодишни врсници, но неврологот сакал преку овој случај да докаже дека екраните толку ги окупираат децата што тие едноставно немаат потреба за говор и комуникација со околината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.