3 февруари (среда) 20:00 ч.
4 февруари (четврток) 20:00 ч.
ЖРТВУВАЊЕ НА ПИОНОТ
(Pawn Sacrifice)
Игран филм, САД
2015 г., 118 мин., колор, блуреј
Режија: Едвард Звик (Edward Zwick)
Сценарио: Стивен Најт, Стивен Џ. Ривеле, Кристофер Вилкинсон (Steven Knight, Stephen J. Rivelе, Christopher Wilkinson)
Улоги: Тоби Меквајер, Лив Шрајбер, Михаел Штулбарг, Питер Скарскгард (Tobey Maguire, Liev Schreiber, Michael Stuhlbarg, Peter Sarsgaard)
Во возбудливата приказна сместена во времето на Студената војна, американското чудо од шахист Боби Фишер се наоѓа себеси меѓу двете супер сили токму на Светското првенство во шах, кое се одржува во Рејкјавик 1972 г. Таму Американецот Боби Фишер и Русинот, бранител на титулата, Борис Спаски својата шаховска табла ќе ја претворат во бојно поле на Студената војна. Филмот исто така ја раскажува ужасната борба меѓу генијалноста и лудилото на Боби Фишер, кој од обично момче од Бруклин прераснува во светска сензација токму на овој меч. Филмот е снимен според вистински настан.
5 февруари (петок) 20:00 ч.
6 февруари (сабота) 20:00 ч.
ТЕЛО
(Cialo)
Игран филм, Полска
2015 г., 90 мин., колор, блуреј
Режија: Малгорзата Шумовска (Malgorzata Szumowska)
Сценарио: Михал Енглерт, Малгорзата Шумовска (Michal Englert, Malgorzata Szumowska)
Улоги: Јанош Гајош, Маја Осташевска, Јустина Сувала (Janusz Gajos, Maja Ostaszewska, Justyna Suwala)
Презафатен адвокат, загрижен дека неговата анорексична ќерка Олга може да се самоповреди заради тагувањето по неодамна починатата мајка, ја испраќа кај психијатарката Ана. Таасо својата болка од загубата се справува на еден невообичаен начин.
7 февруари (недела) 20:00 ч.
9 февруари (вторник) 20:00 ч.
ЗМЕЈСКО ГНЕЗДО: ЗОРАТА НА ВОИНОТ
(Dragon Nest: Warriors’ Dawn)
Анимиран филм, Н.Р. Кина
2014 г., 94 мин., колор, блуреј
Синхронизиран на македонски
Режија: Јуефенг Сонг (Yuefeng Song)
Сценарио: Бил Борден, Тери Изуми, Јуефенг Сонг, Ран Зуо (Bill Borden, Terry Izumi, Yuefeng Song, Ran Zhuo)
Улоги:Жиао Ху, Гуанлн Жи, Давеи Шен, Ксијанглонг Менг (Jiao Xu, Guanlin Ji, Ying Huang, Dawei Shen, Xianglong Meng)
Филмот ЗМЕЈСКО ГНЕЗДО: ЗОРАТА НА ВОИНОТ (првобитно насловен како ЗМЕЈСКО ГНЕЗДО: ПОДЕМОТ НА ЦРНИОТ ЗМЕЈ) е адаптација на популарната „онлајн“ игра Змејско гнездо од „Шанда” во соработка со „Мили пикчрс”. Филмот го режира Бил Борден, кој е режисер и на ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ РОБИНСОНОВИ, серијата СРЕДНОШКОЛСКИ МЈУЗИКЛ и КУНГ ФУ ФРКА.
10 февруари (среда) 20:00 ч.
11 февруари (четврток) 20:00 ч.
АФЕРИМ!
(AFERIM!)
Игран филм, Романија, Бугарија, Чешка, Франција
2015 г., 108 мин., колор, блуреј
Режија: Раду Жуде (Radu Jude)
Сценарио: Флорин Лазареску, Раду Жуде (Radu Jude, Florin Lazarescu)
Улоги: Теодор Корбан, Михај Команоиу, Тома Чужин, Александру Дабија, Луминита Георгију (Teodor Corban, Mihai Comanoiu, Toma Cuzin, Alexandru Dabija, Luminita Gheorghiu)
На почетокот на 19 век во Влашка, локалниот полицаец Костандин, е најмен од страна на болјарот Јордаче, да го најде Карфин, робот Ром, кој побегнал од имотот на болјарот откако имал љубовна врска со неговата сопруга, Султана. Костандин тргнува во потрага по бегалецот, почнувајќи патешествие полно со авантури. Ромското ропство траело од 14 век, па сѐ до средината на 19 век, факт што е речиси непознат и непостоечки во јавноста денес, иако и понатаму влијае врз општествениот живот во Романија.
12 февруари (петок) 20:00 ч.
13 февруари (сабота) 20:00 ч.
БРОД ТРГНАТ КОН НЕМЕРЛИВОТО – ИГОР ИСАКОВСКИ (1970-2014)
(A Ship Sailing Off to the Immeasurable – Igor Isakovski, 1970-2014)
Документарно-поетски омаж, Македонија
Документарен, Македонија
2015 г., 16 мин., колор, ХД видео
Режија: Сашо Димоски
Сценарио: Сашо Димоски
Филмот БРОД ТРГНАТ КОН НЕМЕРЛИВОТО е видео-омаж, посветен на Игор Исаковски, поет, преведувач и издавач, кој ненадејно почина на крајот на 2014 година. Иако замина на само четириесет и четири години, Игор зад себе остави шеснаесет издадени книги, од кои десет се збирки поезија. Тој не беше само плоден автор, неуморен преведувач од англиски, српски, хрватски, босански, туку и основач на културната институција и издавачка куќа „Блесок“. Игор беше идејниот творец на електронското списание „Блесок“, едно од најстарите електронски списанија за култура во Европа, преку кое, пионерски и визионерски, ја ширеше македонската култура низ светот, а светската култура ја носеше во Македонија. Филмот го направи Сашо Димоски, а во него учествуваат: самиот Игор, Тони Димков, Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски и Елизабета Баковска. Музичката илустрација е на Горан Трајкоски.
12 февруари (петок) 20:15 ч.
13 февруари (сабота) 20:15 ч.
СЀ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД
(Everything Will Be Fine)
Игран филм, Германија, Канада, Франција, Шведска, Норвешка
2015 г., 118 мин., колор, блуреј
Режија: Вим Вендерс (Wim Wenders)
Сценарио: Бјорн Олаф Јохансен (Olaf Johannessen)
Улоги: Рејчел Мекадамс, Џејмс Франко, Шарлот Гинсбург, Питер Стормаре, Мари-Жозе Крозе, Патрик Баухау, Роберт Најлор (Rachel McAdams, James Franco, Charlotte Gainsbourg, Peter Stormare, Marie-Josee Croze, Patrick Bauchau, Robert Naylor)
Додека еден писател, по кавгата со девојка му, бесцелно вози, случајно ќе прегази дете и ќе го убие. Несреќата и последиците од тоа оставаат длабоки трауми кај него. Во текот на следните 12 години тој страда, обидувајќи се да пронајде смисла во тоа што се случило и да продолжи со животот, но секој пат кога ќе се погледне во огледалото, тој гледа убиец. СÈ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД внимателно и точно ја раскажува приказната за вината и потрагата по прошка и за фактот дека не лечи времето, туку храброста да се соочиме со нештата и да простиме. Особено на самите себеси.
ФИЛМ НА 35 ММ
14 февруари (недела) 20:00 ч.
16 февруари (вторник) 20:00 ч.
КАКО ДА МЕ НЕМА
(As If I’m Not There)
Игран филм, Ирска
2010 г., 105 мин., колор, 35 мм
Режија: Хуанита Вилсон (Juanita Wilson)
Сценарио: Хуанита Вилсон (Juanita Wilson)
Улоги: Наташа Петровиќ, Федја Стукан, Сања Буриќ, Ирина Апелгрен, Јелена Јованова, Стелан Скарсгаард (Natasha Petrovic, Fedja Stukan, Sanja Buric, Irina Apelgren, Jelena Jovanova, Stellan Skarsgård)
Самира е 29 годишна, нежна, паметна и убава учителка во босанско село . Еден пролетен ден, еден млад војник доаѓа непоканет во нејзината кујна и ѝ кажува да се спакува, со што нејзиниот дотогашен живот е прекинат. Одејќи си од селото, таа се врти и зад себе гледа црно небо и чад. Самира влегува во еден нов свет, каде што мирот е бајка и нема домови, туку само кампови: транзитен камп, камп за прием, логор, логор на смртта.
17 февруари (среда) 20:00 ч.
18 февруари (четврток) 20:00 ч.
СОНЧЕВ УДАР
(Солнечный удар)
Игран филм, Русија
2015 г., 180 мин., колор, блуреј
Режија: Никита Михалков
Сценарио: Владимир Мојсејенко, Никита Михалков, Александр Адабашјан (Vladimir Moiseyenko, Nikita Mikhalkov, Aleksandr Adabashyan)
Улоги: Мартинш Калита, Викторија Соловјова, Ансатасија Имамова, Сергеј Серов, Милош Биковиќ (Mārtiņš Kalita, Victoria Solovyova, Anastasiya Imamova, Sergey Serov, Miloš Biković)
Приказната се одвива во ноември 1920 година, во еден воен логор на Крим, по евакуацијата на Белата армија, кога неколку десетици илјади белогардејци биле оставени на полуостровот. Офицерите не знаат каква судбина ги очекува и чекаат да им пресуди Црвената армија. Еден од нив, неименуван капетан (Мартинш Калита) е прогонуван од сеќавањата на една драматична и куса романса од 1907 година. Тој се обидува да сфати како се распаднала Руската Империја и кој е виновен за тоа.
19 февруари (петок) 20:00 ч.
20 февруари (сабота) 20:00 ч.
ОБОЖЕНИЕ
(Theosis)
Игран филм, Македонија
2016 г., 75 мин., колор, ДСП
Режија и сценарио: Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов (Kiril Karakash, Svetislav Podleshanov)
Улоги: Петар Горко, Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Катерина Аневска, Митко Апостоловски (Petar Gorko, Dimitar Gjorgjievski, Katerina Chakmakoska Klincheska, Katerina Anevska, Mitko Apostolovski)
Филмот ОБОЖЕНИЕ (ОБОЖУВАЊЕ) е реализиран во форма на триптих Составен е од деловите Катарза, Созерцание и Воздигање. Филмот ги следи приказните на ликовите кои борејќи се со егзистенцијата ја оживуваат изгубената духовност во нив и луѓето околу нив. Ова е дипломски филм на Кирил и Светислав и е работен без никаков буџет.
ФИЛМ на 35 мм
21 февруари (недела) 20:00 ч.
23 февруари (вторник) 20:00 ч.
КАРАУЛА
(Karaula)
Игран филм, Србија, Хрватска, Македонија, Словенија
2006 г., 94 мин., колор, 35 мм
Режија: Рајко Грлиќ (Rajko Grlic)
Сценарио: Рајко Грлиќ, Анте Томиќ (Rajko Grlic, Ante Tomic)
Улоги: Сергеј Трифуновиќ,Тони Гојановиќ, Емир Хаџихафизбеговиќ, Богдан Диклиќ, Верица Недеска (Sergej Trifunovic, Toni Gojanovic, Emir Hadzihafizbegovic, Verica Nedeska, Bogdan Diklic)
КАРАУЛА е првиот филм снимен после распадот на Југославија на кој што работеа здружени екипи од Србија, Македонија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Филмот е снимен по романот на Анте Томиќ „Ништо не смее да нé изненади“. Дејствието на филмот се одвива во 1987 година во караула на југословенско- албанската граница. Секојдневниот војнички живот е нарушен со необични случувања….
25 февруари (четврток) 20:00 ч.
БЕЛВИЛ БЕЈБИ
(Belleville Baby)
Документарен филм, Шведска
2013 г., 75 мин., колор, блу-реј
Режија и сценарио: Миа Ендберг (Mia Engberg)
Еден ден, еден човек од минатото на режисерката Миа Ендберг ќе ѝ се јави и ќе ѝ каже дека поминал долги години во затвор. Таа се сеќава на времето кога се запознале, на таа пролет во Париз, среде немирите, на веспата и на мачката која тој ѝ ја подарил. Таа исто така ќе се сети на денот кога тој исчезнал… БЕЛВИЛ БЕЈБИ е филм за времето, сеќавањата и нештата кои попатно се губат.
26 февруари (петок) 20:00 ч.
ВО ДВОРОТ
(Dans la cour)
Игран филм, Франција
2014 г., 97 мин., колор, блу-реј
Режија: Пјер Салвадори (Pierre Salvadori)
Сценарио: Пјер Салвадори, Давид Леотард, Беноа Графин (Pierre Salvadori, David Léotard, Benoît Graffin)
Улоги: Катрин Денев, Густав Керверн, Феодор Аткин, Пио Мармај (Catherine Deneuve, Gustave Kervern, Féodor Atkine, Pio Marmaï)
Антоан е музичар. Кога навлегува во своите четириесетти години решава да се откаже од својата кариера. По неколку дена не правење ништо, тој ќе добие работа како хаус-мајстор во една зграда во источен Париз. Во неа живее и пензионерката Матилда која своето слободно време го поминува во добротворна работа, но и го надгледува управувањето со зградата. Една вечер, таа ќе открие една загрижувачка пукнатина во нејзината дневна соба. Малку по малку, нејзината анксиозност проработува и ја доведува до панични напади мислејќи дека целата зграда ќе се сруши. Во тие мигови, Антоан ќе ѝ стане поддршка и пријател.
27 февруари (сабота) 20:00 ч.
28 февруари (недела) 20:00 ч.
ФРАНКОФОНИЈА
(Francofonia)
Игран филм, Франција, Германија, Холандија
2015, 87 мин., колор, блуреј
Режија: Александар Сокуров (Alexander Sokurov)
Сценарио: Александар Сокуров (Alexander Sokurov)
Улоги: Луи До де Лонксан, Венсан Нимет, Бенжамен Утсерас, Жоана Кортал Алтес (Louis-Do de Lencquesaing, Vincent Nemeth, Benjamin Utzerath, Johanna Korthals Altes)
Изминува уште еден век на Стариот континент… Големите армии газат во срцето на цивилизацијата и топовскиот оган уште еднаш го зема својот данок. Среде масакрот и урнатините, сѐ она што е величествено, прекрасно и свето, за чија изградба биле потребни безброј минути и часови макотрпна работа, сега се брише. Жак Жожар и грофот Францискус Вулф Метерних работеле заедно за да го заштитат и зачуваат богатството на музејот Лувр. Александар Сокуров ни ја раскажува нивната приказна. Тој ја истражува врската помеѓу уметноста и моќта и прашува што уметноста кажува за нас, во срцето на една од најужасните војни што некогаш се случиле на светот.
ФИЛМ на 35 мм
1 март (вторник) 20:00 ч.
2 март (среда) 20:00 ч.
ОДМАЗДА
(Revenge, Wraak)
Игран филм, Македонија, Белгија
2001 г., 103 мин., колор, 35 мм
Режија: Слободан Деспотовски (Slobodan Despotovski)
Сценарио: Слободан Деспотовски (Slobodan Despotovski)
Улоги: Рефет Абази, Љупчо Тодоровски – Упа, Петар Арсовски, Софија Куновска, Дејан Лилиќ (Refet Abazi, Ljupco Todorovski-Upa, Petar Arsovski, Sofija Kunovska, Dejan Lilic)
Дејството на филмот се случува кон крајот на XIX , почетокот на XX, како и втората половина на XX век. Локациите се различни, наполно спротивставени, како што е руралната Македонија од една страна и урбаната средина на еден рударски регион во Белгија од друга… Доаѓањето на младиот Турчин Орхан Карахасан во Белгија не е мотивирано од економска причина, туку зад тоа стои примитивно кодираниот запис за крвната одмазда. Тој во градот го бара Павел Најдовски, чиј татко на почетокот на векот го убил неговиот дедо Осман Карахасан, во една би можело да се рече, митски исконструирана семејна трагедија. Приказната тече вака: Осман Карахасан е нападнат од арамии. Ранет скока во реката иако не знае да плива. На нивите покрај реката е Митре Најдовски кој, ризикувајќи да биде виден од арамиите го спасува Осман од давење. По заздравувањето на раните, Осман и Митре стануваат побратими. Митре и неговата жена Велика немаат деца, но се грижат за Павел, син на братот на Митре, Насте, кој по смртта на сопругата заминува со комитите на војводата Александар Левчановски. Осман, пак, има четири ќерки и копнее да има син. Тој има два брата. Кога едниот од нив гине како војник на султанот, тогаш помладиот, момче со врела крв, реагира жестоко и во непотребен конфликт убива турски џандар. Осуден е со смртна казна. Осман Карахасан го моли кајмакамот да го поштеди неговиот, сега единствен брат, а како противуслуга ја нуди главата на војводата Александар. Осман бара амнестија и за братот на Митре, сметајќи на неговата помош во фаќањето на војводата. Митре одбива да помогне. Осман се служи со измама. Го грабнува малиот Павел, па Митре соочен со уцената го издава засолништето на војводата. Војводата е фатен, Павел го враќаат дома, комитата Насте го убива братот Митре, а потоа и Осман Карахасан…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.