| четврток, 6 декември 2018 |

Во „Синеплекс“ пристигнува „Пикси“ за најмладите

Од режисерот Шон О’рајли најголемиот канадски издавач на стрипови, на 11 февруари во киното Cineplexx  ни стигнуваат вилениците Пикси.

Џо Бек ја изгубил љубовта на неговиот живот поради „Клетвата на Пикси“ која била фрлена на него откако ненамерно го уништил селото на малите виленици и го повредил принцот Вилијам. Сега мора да открие како да си ја врати девојката од соништата, да научи нешто повеќе за мистериозните Пикси и да се искупи за штетата која им ја нанел.

Оваа оригинална фантазија, наменета за целото семејство, е духовита, но сепак емотивна со крајот кој секого ќе го воодушеви.

Шон Орајли е енергичен и страстен визионер кој својата креативност, интелегенција, хуманост и снаодливост ја истакнал како основач и директор на канадскиот стрип издавач Arcan Studios. „Mighty Mighty Monsters“ е првиот анимиран филм кој го направил по примерот на серија стрипови за овие чудовишта.

Шон е еден од најдобрите независни стрип писатели во Канада, кој своите стрипови ги адаптира за големите и мали екрани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top