Патниците и екипажот се тркалаа по авионот, а пред болничарите да влезат во авион бил тестиран воздухот во кабината и целиот багаж бил однесен на анализа. На збунетите и преплашени патници никој ништо не им кажал.
Истражителите сè уште се обидуваат да откријат што точно се случило. Имено, една стјуардеса колабирала, а потоа уште неколку лица на тој трансатлански лет се разболеле.
Испаничените патници раскажувале дека во еден миг некој преку разгласот замолил доколку има лекар во авионот да се јави, а набргу капетанот им соопштил дека „имаат итен медицински случај“ и се вратил во Лондон.
Кога слетале на „Хитроу“ на пистата веќа било преполно – возила на Брза помош насекаде. На патниците им било речено да останат на своите места, не им било дозволено да слезат од авионот, ниту, пак, на болничарите им се дозволувало да влезат во авионот сè додека не се провери кабинскиот воздух. „Американ ерлајнс“ и Управата на аеродромот целиот багаж го однеле на анализа, но на патниците никој не им ја кажал причината.
Се верува дека дури шест членови на екипажот и двајца патници колабирале во текот на летот. Во „Американ ервејс“ засега одбиваат да шпекулираат за тоа што е причината поради која луѓето не се чувствувале добро. Рекоа дека дека откако болничарите ги прегледале патниците и екипажот никој не побарал лекарска помош.
Пилотот и стручњак за воздухопловство Брус Роџер изјави за „Дејли мејл“ дека капетанот постапил сосема исправно и го завртел авионот и го вратил во Лондон.
-Секогаш кога ќе се појави некаков здравствен проблем, особено ако станува збор за пет или шест лица, капетанот најверојатно ќе го сврти авионот и ќе слета на најблискиот аеродром.
Роџер, кој има преку 20 години летачко искуство, особено на различни типови „боинг 700“, појасни дека летот АА109 бил во рана фаза, па труење со храна, најверојатно, не била причината. Поверојатно е дека овде станува збор за квалитетот на кабинскиот воздух. Изгледа дека воздухот не бил добар. Можеби чистината била загрозена на некаков начин. На тој тип авиони воздухот е секогаш чист во патничката кабина и тие секогаш добиваат чист и квалитетен воздух.
Авиокомпанијата извести дека на патниците им се вратени куферите, но портпаролот не сакаше да каже каква истрага вршеле и дали пронашле нешто.
-„Американ ерлајнс“ и управата на „Хитроу“ ги прегледаа торбите и багажот, рече портпаролот и додаде дека тимот за одржување на авионот сега темелно го прегледува авионот.
Еден од патниците, 41-годишниот Алан Греј рече дека не им дале никакво објаснување зошто им е одземен багажот.
-Не сакаа да ни дадат објаснување. Со оглед на тоа дека го прегледаа мислам дека имаше тука нешто повеќе. Кога слетавме веќе нè чекаше полиција, пожарникари и брза помош. Нè испратија од пистата до терминалот и потоа таму нè држеа 45 минути. Само една личност во тоа време влезе во авионот и тој го проверуваше воздухот. Тогаш им дозволија и на болничарите да влезат во авионот и да им помогнат на болните, а нас нè извадија надвор.
Откако слетале специјален тим на лондонски пожарникари го тестирал воздухот во авионот.
-Се е проверено, но не се пронајдени никакви супстанции што би можеле да бидат причина за проблемот – рече портпаролката на пожарникарите.
Со натамошна истрага дојдоа до заклучок дека е можно членовите на екипажот и патниците да претрпеле т.н. „губење на рамнотежата“, но тоа не е официјално потврдено.
Губење на рамнотежата во текот на летот се јавува кога притисокот на воздухот во средното уво се менува поради промените во надморската висина или нерамнотежа во притисокот на воздухот во кабината. „Американ ерлајнс“ им се извини на патниците поради незпријатностите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.