| четврток, 6 декември 2018 |

Црногорскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка

­ Црногорскиот министер за внатрешни работи Рашко Коневиќ поднесе оставка.

raško

 

Рашко Коневиќ е заменик­-претседател на Социјалдемократската партија на Црна Гора, која вчера не ѝ даде доверба на црногорската Влада. Сепак, Владата на Мило Ѓукановиќ доби доверба во Парламентот, бидејќи беше поддржана од мнозинството пратеници.

Иницијативата за ослободување од должност е испратена до премиерот, а по тоа прашање треба да се произнесе и Парламентот.

Според претставникот на Социјалдемократската партија Иван Вујовиќ со изглегувањето на социјалдемократите од владејачката коалиција, таа престанува да постои и Владата е „нелегитимна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top