| четврток, 6 декември 2018 |

Во кината пристигнуваат „Малите виленици на Пикси“

Од режисерот Шон О’Рајли, најголемиот канадски издавач на стрипови, на 11 февруари во киното „Синаплекс“ стигнуваат вилениците на Пикси.

Џо Бек ја загубил љубовта на неговиот живот поради „Клетвата на Пикси“, која била фрлена на него откако ненамерно го уништил селото на малите виленици и го повредил принцот Вилијам. Сега мора да открие како да си ја врати девојката од соништата, да научи нешто повеќе за мистериозните Пикси и да се искупи за штетата што им ја нанел.

2c510197-12f9-4128-9e19-5695cc1fecb9

Оваа оригинална фантазија, наменета за целото семејство, е духовита, но сепак емотивна со крај, кој секого ќе го одушеви.

Шон е еден од најдобрите независни писатели на стрипови во Канада, кој своите стрипови ги приспособува за големите и мали екрани.

„Малите виленици на Пикси“, анимиран филм за целото семејство, е синхронизиран на македонски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top