| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нашиот збор е цврста обврска, која секогаш ја исполнуваме!

merki

– Политиката не се зборовите кои се искажуваат, туку делата кои се реализираат. А ние досега покажавме дека стоиме и на кажаното, но и реализираме многу повеќе од ветеното- изјави денеска претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, за време на промовирањето на петте нови мерки за младите.

– Наша задача е да инвестираме во развојот на младите луѓе, кои ќе бидат нашите идни лекари, инженери, научници.Сакаме да им оставиме можност на младите да си ја креираат сопствената иднина, за да станат носители на нашиот понатамошен развој и напредок. Ако нашите претходници вложувале во младите денес ќе имавме многу повеќе, но тоа нема да не обесхарбри и да не натера да се откажаме од инвестирање во младите. Токму затоа подобрувањето на условите за нивен развој се составен дел од нашата програма, но ние попатно реализираме и многу мерки кои се надвор од програмата. Со големи чекори одиме напред. Со нашата работа досега изградивме нови, но и реконструиравме постоечки училишта, ја намаливме партиципацијата за на факултет, ги зголемивме стипендиите. Реконструиравме и се уште работиме на обнова на студенските домови, набавивме опрема за лаборатории. Ставаме крај на праксата учениците да учат од туѓи учебници. Изградивме спортска инфраструктура, многу спротски сали, игралишта. Сето ова е доказ за нашата посвестеност на младите, но и сите граѓани. Нашиот збор е цврста обврска, која секогаш ја исполнуваме – рече Груевски, кој најави пет нови проекти за младите, кои ќе бидат реализирани од владата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top