На улица „178“ во Тетово, вчеравечер околу 19 часот се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „БМВ Х 5“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 62-годишниот М.И. од Голема Речица и 78-годишниот пешак Џ.М. од Мала Речица.
Во несреќата, пешакот задобил тешки повреди (фрактура на главата) и со друго возило веднаш е пренесен во тетовската клиничка болница. По укажаната лекарска помош, итно е префрлен на скопските клиники.
По овластување на јавен обвинител извршен е увид и се утврдува причината за несреќата. Возилото е обезбедено и ќе се вештачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.