| четврток, 6 декември 2018 |

„Рилајв“ – нов музички фестивал во Тетово

„Рилајв“ е името на новиот фестивал што го организираат неколку  тетовски кафулиња, меѓу кои и „Аменезија“, „Медисон“ и „Републик“.

Marga Sol

Марга Сол

Тетовци и нивните гости ќе можат да уживаат во музиката на домашните артисти Александар Галовски-Пилот, Марга Сол, Дени Бечич и Оливер Петковски, а како главна атракција на вечерта ќе настапи ветеранот на електронска музичка сцена, Хуан Алварез.

Juan

Хуан Алварез

Алварез, кој е резидент диџеи во „Јалта“, еден од најуспешните ноќни клубови  од Софија, ја почна својата музичка кариера уште во 1994 година.

Juan alvarez

Хуан Алварез

Фестивалот „Рилајв“ првпат ќе се одржи оваа сабота, 20 април, во спортската сала на Спортскиот центар во Тетово, а влезниците ќе чинат 150 ден до 23 часот и 200 денари потоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top