| четврток, 6 декември 2018 |

Незири: Во Слободната зона во Тетово се гради фабриката на „Леар“

neziri

Сите инвестиции во Слободната економска зона во Тетово кои беа поминати на Влада се во фаза на реализација, оцени денеска министерот за економија Беким Незири.

-Не е вистина дека во Слободната економска зона во Тетово нема инвестиции. Таму веќе активно се гради фабриката наменета за „Леар“, компанија од автомобилската индустрија, изјави Незири, одговарајќи на прашање по промоцијата на твиниг проектот „Јакнење на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост“ во ЕУ Инфоцентарот во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top