Фармерките се еден од нашите омилени модни парчиња.
Ви нудиме неколку фото совети како од стари фармерки да направите уникатно модно парче. Овие совети се апсолутен хит кај љубителите на модата ширум светот.
– Искинатите фармерки комбинирајте ги со маички во боја на кожата за да ги ставите во фокусот.
– Избегнувајте да носите цветни принтови. Во комбинација со искинатите фармерки ќе изгледате натрупано.
– Ако ви се допаѓаат искинати фармерки во потемна нијанса, вклопете ги со црна маичка, а потоа минималистичката комбинација збогатете ја со анимал принт или црвен кармин.
– Асиметрично искинатите фармерки најдобро се вклопуваат со карирана кошула.
– Панталоните искинати на неколку мали места искомбинирајте ги со пруги и ќе добиете моден погодок.
– Црните искинати фармерки исто така се супер за спојување со маички, кошули и високи потпетици во карамела боја.
– Никогаш нема да погрешите ако одберете кожна јакна, додека со тексас моделот може многу да погрешите. Двојниот тексас не е добра идеја кога носите искинати фармерки.
– Машките и широки модели со изресени ногавици секогаш носете ги со високи потпетици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Во „Јавна соба“ ќе се одржи курс за дизајн на амбалажа на производ и промоција
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ