Eкспедиција составена од девет Македонци, пет планинари од Албанија и по еден од Србија и од Австрија, на 20-ти овој месец го освои највисокиот врв во Африка – Ухуру (5895 метри) на планината Килиманџаро во Танзанија.
Експедицијата беше успешно предводена од Живко Темелкоски, а трите највисоки точки на вулканскиот кратер ги искачија Иван Трпков и Виктор Калаузи од планинарско спортскиот клуб „Димитар Илиевски Мурато“ од Битола, Илија Белевски, Игор Стојковиќ, Димитар Малиновски и Александар Николовски од ПСК „Макпетрол“ од Скопје, Катица Борисовска од ПСК „Руен“ од Крива Паланка и Искра Лазарова од ПСК „Бистра“ од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.