Обожавателите на Мајкл Џексон се во шок откако слушнале кој ќе го глуми нивниот идол, а работата да биде уште полоша погазена е и желбата на кралот на попот.
Џозеф Фајнс, помладиот брат на Ралф Фајнс ќе го глуми Мајкл Џексон во филмот за легендарниот музичар.
Прилично невообичаената одлука го зачуди филмскиот свет бидејќи актерот и пејачот воопшто не личат. Во новиот филм дејствието ќе се одвива околу патувањето на кое Мајкл Џексон заминал со Елизабет Тејлор и Марлон Брандо по терористичкиот напад во САД на 11 септември.
Неколку години кружеа неверојатни приказни дека Елизабет, Марлон и Мајкл заедно побегнале од Њујорк по нападите на 11 септември. Тогаш сите летови беа откажани, а трите пријатели наводно избегале со автомобил.
Помладиот брат Фајнс инаку е најпознат по неговата улога во филмот „Вљубениот Шекспир“, а признал дека и самиот е изненаден дека и самиот е изненаден што токму тој ја добил задачата да го глуми Џексон.
-Јас сум белец од средна класа од Лондон. Шокиран сум како и вие – изјавил Фајнс.
Шокиран би бил веројатно и самиот Мајкл Џексон со оглед дека во една прилика изјавил дека не сака да го глуми белец. Гостувајќи кај Опра Винфри на почетокот на деведесеттите прашан да ги коментира шпекулациите дека бело момче ќе го глуми во една реклама бил видно изнервиран.
-Тоа е глупо!Тоа е најбесмислената, најстрашната приказна која сум ја слушнал. Тоа е сосема лудо и морничаво. Зошто би сакал да ме глуми бело момче? Јас сум Афроамериканец. Горд сум што сум Афроамериканец. Горд сум на својата раса, на тоа што сум. Тоа нема смисла, прекинете да пласирате такви морничави приказни – изјавил тогаш кралот на попот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура