| четврток, 6 декември 2018 |

Нови терористички закани во пет париски гимназии

париз

Во пет париски гимназии повторно е прогласена тревога, откако изутринава се примени дојави со заканувачки содржини, јави дописникот на МИА од Париз.

Според информациите објавени во француските медиуми, дојавите содржеле закана дека напаѓачи „вооружени со калашникови и со бомби ќе отидат во пет париски гимназии за да предизвикаат максимален број на жртви“.

Раководствата на училиштата веднаш биле информирани за заканите по што е спроведена евакуација на учениците и вработените, а во исто време околу гимназиите се распоредени полициски сили. Истрагата, сега е насочена кон утврдување на тоа од каде доаѓаат заканите. Предходната дојава од пред неколку дена за поставени бомби во пет париски гимназии се покажаа како лажни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top