| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА со „Досиеја икс“: Објавени стотици документи за летечките чинии

Конечно дојде денот кога сите љубители на НЛО и оние кои веруваат „дека вистината е таму некаде“ нетрпеливо го чекаа. ЦИА објави стотици документи за летечките чинии, пренесува „Раша тудеј“.

mkd-240201

Американската разузнавачка агенција со доза хумор истакнува дека агентот Фокс Молдер сигурно би сакал да ги употреби тие документи за докажување на постоењето на вонземјани (алудирајќи на ликот на популарната ТВ серија „Досиеја икс“).

– Решивме да објавиме информации кои и на скептиците и на вистинските верници ќе им бидат интересни – се вели во соопштението на ЦИА.

Сите документи датираат од периодот меѓу 1940-тите и 1950-тите години вклучувајќи и информации од Источна Германија (1952) каде агентите истражувале тврдења за „огромна летечка чинија“ со пречник од петнаесетина метри.

Во друг документ кој ќе ги израдува љубителите на натприродните сили и вонземјаните се истакнува дека слични „летечки чинии“ биле видени во Шпанија и северна Африка.

ЦИА објави и неколку фотографии од наводни вонземски објекти, вклучувајќи НЛО и делови од тело на „вонземјанин“.

Интересно е тоа што објавувањето на документите се случува во исто време со возобновувањето на популарната ТВ серија „Досиеја икс“.

Во еден од документите има и совети како да се направат што подобри фотографии од неидентификувани летечки објекти.

– Направете што повеќе фотографии од неидентификуваниот летечки објект, а доколку е можно на фотографијата нека се гледа и дел од земјата, а не само објектот, порачува ЦИА.
mkd-240202
Преземено од: Мкд.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top