| четврток, 6 декември 2018 |

Пролетни звуци со Македонска филхармонија

На 20 април 2013 година, со почеток во 12 часот, во Домот на АРМ, Македонската филхармонија ќе се претстави со уште еден од серијата симфониски коцерти за деца.

Концертот со музика испирирана од пролетта и напишана од Вивалди, Григ, Чајковски, Штраус и Бетовен, ќе им возможи на децата незаборавно музичко патување обвиено со многу сонце, прекрасно цвеќе, весели птици.

Низ волшебниот и прекрасен свет на пролетните звуци ќе ги води миленикот на детската публика, младиот актер Мартин Јорданоски или ним попознат како Волшебниот Сон, а со оркестарот ќе раководи маестро Саша Николовски-Ѓумар.

Билетите за концертот по цена од 150 денари се веќе во продажба на билетарата на Македонска филхармонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top