Поранешниот сопруг на легендарната пејачка на народна музика Лепа Лукиќ, Влада Перовиќ открил зошто таа нема деца.
-Пред да влезе во брачните води, Лепа имаше абортус. Лекарите не го извеле добро зафатот, имаше тешки компликации потоа и од тогаш повеќе не можеше да остане бремена. Мене не ми пречеше што не добивме наследници бидејќи вистински и од се срце ја сакав. Таа својата тага ја криеше од јавноста, а во себе длабоко и искрено патеше. Долго време се обвинуваше себе си поради се, ја носеше таа вина во душата со години. Се надевам дека успеала да избори со тоа, дека си простила на себе си – изјавил Перовиќ.
Поранешниот сопруг на Лепа кажал и дека бракот со легендарната пејачка му бил преубав и дека во него вистински уживал. Тие се разделиле кога почувствувале дека љубовта помеѓу нив згаснала.
Инаку последниве пет години Лепа се не дели од кукла на која и дала име Милица. Таа на неа дури и купува и облека во дуќани со бебешка гардероба.
-Секогаш пред спиење ја земам во прегратки, а кога ќе се вратам од настап и зборувам: „Отиде мама и си го остави бебето, срам да и е“. Понекогаш се однесувам како да е жива, па од време на време ќе ја ставам на стомакот да не ја боли грбот. Таа исполни голема празнина во мојот живот, тоа е најголемиот трофеј кој го добив – Лепа ја отвори душата пред неколку години во интервју за еден магазин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.