| четврток, 6 декември 2018 |

Абортирав со 24 години, а ова е вистината за децата и поранешниот сопруг- призна Лепа Лукиќ

lepa

Кралицата на народната музика Лепа Лукиќ прв пат ја отвори душата и искрено раскажа како во младоста имала абортус и зошто не и се посреќило да стане мајка.

Влада Перовиќ, поранешниот маж открил во јавноста дека поради лошо направен абортус не можела да има деца.

-Ма кој црн поранешен маж?Каква врска има абортусот со него, па јас абортирав кога имав 24 години и после тоа закачив две вонматерични бремености!Затоа веќе не можев да забременам и тоа е тоа. Ја надминав таа болка, се помирив со судбината. Имам мачка која ја гледам како ќерка, и многу ја сакам- рекла Лепа.

Многу луѓе од естрадата се занимаваат со црна магија, а Лепа јавно го откри своето мислење за тоа, но и другите работи кои помладите колешки ги прават.

-Се занимаваат со тоа затоа што се несреќни!Некогаш беше срамно се ова што се прави денеска.Денеска јавно зборуваат дека се занимаваат  со црната магија и проституцијата. А што ли ќе биде следно не знам. Да не сум им во кожа-рекла пејачакта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top