Велика Британија ќе одвои 250 милиони фунти за да ја поддржи нафтената индустрија во североисточниот дел на Шкотска, која е загрозена од намалување на цените на суровата нафта.
Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ќе го посети Абардин, каде ќе ја разгледа ситуацијата со раководителите на нафтениот сектор.
Цените на суровата нафта се намалија за повеќе од 30 проценти минатата година и за уште 20 отсто оваа година. Во Лондон еден барел од нафтата „брент“ од Северно Море изнесува 33,10 долари, а во 2014 година цената била 100 долари.
Во финансиската помош за нафтената индустрија еднакво ќе учествуваат централната Влада во Лондон и регионалната во Единбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.