| четврток, 6 декември 2018 |

Мето Јовановски претседател на жирито на „Монодрама – Битола 2013“

Актерот Мето Јовановски е избран за претседател на меѓународното стручно жири за претстојниот интернационален фестивал на монодрама, кој од 24 до 28 април ќе се одржи во Битола.

Покрај Јовановски, во жирито ќе членуваат Соња Михајлова, Нина Мазур, Марцин Боткиевиц и Вјацеслав Терешченко, а селектор на фестивалот е битолскиот актер Петар Мирчевски.

Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, кој годинава одбележува 15 години постоење, ќе биде отворен со театарската претстава на МНТ – Скопје „Изгубени Германци“ од  Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски, а ќе биде затворен со претставата „Женидба“  во изведба на Театар Комедија од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top