| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Вук Митевски со анимиран спот за турската група „Кан Бономо“

Братот на познатите Лабина и Теона Митевски, Вук, е автор на видеоклипот за песната „Среќен роденден“ на една од најпознатите турски групи, „Кан Бономо“, која македонската јавност ги познава по нивниот Евровизиски настап како претставници на Турција во 2011 година.

3

Видеоспотот, кој синоќа беше промовиран во Турција, е изработен во техниката стоп-анимација од глина и цртеж и е продуциран од продукцијата „Сестри и брат Митевски “ и турската „Калпазан продукција“.

5

Ова е прв видеозапис во Турција што користи стоп-анимација и е примен со неверојатно позитивни реакции од страна на медиумите и на публиката.  Во турските медиуми се потенцира дека видеозаписот е креиран во студио во Скопје во изминативе три месеци, притоа не користејќи никакви компјутерски елементи и во потполност е рачно изработен со повеќе од 5000 фотографии.

 4

„Кан Бономо“ е група што има завидна популарност во Турција. На нивниот профил на „Фејсбук“ имаат преку 580.000 фанови, а нивните видеозаписи се во просек со повеќе од 3.000.000 гледачи на „Јутјуб“ и „Вимео“.

6

Дека овој видеоспот може да ја издигне песната во летен хит во Турција покажува првичниот неверојатен интерес од над 30.000 прегледувања веќе првиот ден.

CAN BONOMO – İYİ Kİ DOĞDUN from CAN BONOMO on Vimeo.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top