Секс аферата на Дара Бубамара не престанува да ја тресе естрадата, а она што го направи нејзиниот кум никој не го очекуваше.
Имено, откако пејачката го обвини Ненад Дрљан дека ги злоупотребил нејзините лични податоци и и организирал секс – афера поради која е на столбот на срамот, кумот одлучи да реагира.
Поднесе кривична пријава против пејачката и тоа поради лажни информации дека тој на новинарите им ги дал нејзините порно фотографии.
По тој повод се обрати адвокатската канцеларија која Дрљан ја ангажирал:
– Адвокатската канцеларија соопштува дека е ангажирана од страна на Ненад Дрљан, кум на госпоѓата Радојка Кесиќ, алијас Дара Бубамара, и по повод наводите на именуваната пренесени во средствата за јавно информирање што се однесуваат на дистрибуцијата на фотографии, ќе поднесе тужба за надомест на штета и барање за исправка на информациите како и кривична пријава против Радојка Кесиќ – пишува во соопштението.
Да потсетиме, Дара Бубамара неодамна го обвини кумот дека се допишувал со различни мажи, меѓи кои и со лажниот профил на Андрија Милошевиќ, и дека во медиумите испратил нејзини порно фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.