| четврток, 6 декември 2018 |

Специјалната обвинителка Катица Јанева заинтересирана за протести против Хан

Специјалната обвинителка Катица Јанева очигледно е дел од луѓето што важат за блиски до опозицијата, а кои жестоко го нападнаа еврокомесарот Јоханес Хан по неговата посета на Скопје, кога веќе стана јасно дека нема бегање од избори на 24 април и доаѓа крајот на манипулациите и опструкциите на СДСМ.

Имено, специјалната обвинителка преку нејзиниот профил на „Фејсбук“ се пријавила како заинтересирана за протестите кои преку социјалните мрежи ги најавуваат опозициските структури против еврокомерсарот Јоханес Хан.

janeva-fb

Најавата за протести доаѓа откако еврокомесарот во изјава за бугарски „Капитал“ истакна дека не е важно дали сите партии ќе учествуваат, туку важен е квалитетот на изборниот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top