Неодамнешната смрт на познат битолчанец од општествениот живот во прегратките на љубовницата, пак ја актуализира темата слатка смрт за време на секс. Станува збор за 62 годишен маж, кој починал додека сексуално уживал со помлада девојка од него. Сексот за него бил фатален бидејќи имал проблеми со срцето, а земал вијагра, пишува „Вест“.
Во сексуален транс, во последниве години во Битола починале најмалку шестмина за кои јавноста знае. Вистинската бројка е поголема, но нема официјален податок зошто МВР овие случаи ги води како природна смрт. Слатката смрт досега покоси директори, лекари, адвокати, па и странци кои привремено престојувале во градот, пишува „Вест“.
-Тоа е слатка смрт. Има едно непишано правило, секој умира на она што го сака најмногу. Некој на шише во меана, некој на планина, некој сладејќи се со жена, коментира занаетчијата Миле Павлов за „Вест“ до кого брзо пристигнуваат вестите од битолската чаршија.
Повеќе прочитајте на „Вест“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.