Рада Манојловиќ за време на гостување во емисијата Амиџи шоу конечно откри зошто ја оставил Момир Гајиќ. Имено, таа раскажала дека Момир отворено и кажал дека ја остава затоа што е пејачка и коментираше дека таа би го сторила тоа на многу позрел начин.
-Тоа треба да се стори со далеку повеќе стил. Дури и јас која сум жена би го сторила тоа во фраерски стил. Кога раскинувавме ми кажа дека сум една во милион, дека сум била тука кога му било најтешко но и дека нашите емотивни патишта тргнале во спротивни насоки – појаснила Рада.
Таа појаснила и дека му замерува поради тоа што многу им верувал на другите луѓе.
-На крајот на краиштата не можам да го кривам. Не секогаш се каравме за исти работи зошто тој секогаш им веруваше на другите луѓе и овој пат повторно го манипулираа – изјавила Рада.
Откако ги објасни причините за крајот на врската со Момир Рада на сите во студиото и гледачите на оваа емисија им приреди вистинско едноминутно уживање кога во тесен кожен фустан заигра среде студио.
Rada Manojlovic i Ognjen Tverkuju Ami G Show by zadkostellbokizadko
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.