| четврток, 6 декември 2018 |

Оставка на француската министерка за правда

­ Француската министерка за правда Кристијане Тобира поднесе оставка на функцијата, соопшти денеска Елисејската палата.

tobira

­ Министерката за правда денеска на претседателот на Републиката му ја предаде оставката, која тој ја прифати. Тие се согласија дека е потребно таа да ја напушти функцијата во моментот кога во Националното собрание започнува дебатата за уставните промени, стои во соопштението на Елисејската палата. ­

– Претседателот на Републиката и изрази благодарност на Тобира за нејзината досегашна работа. Таа со решителност и успех ја спроведуваше реформата на судството и играше значајна улога во усвојувањето на законот за брак за сите, стои натаму во соопштението на Елисејската палата.

Како што јави дописникот на МИА, на местото на Тобира е назначен пратеникот Жан­ Жак Урвоас, кој заедно со премиерот Мануел Валс ќе биде носител проектот за промени на Уставот, со кои треба да се зајакне борбата против организарниот криминал и за реформа на кривичното законодавтсво, која опфаќа и предлог за одземање на државјанства на лица кои имаат двојно државјанство во случај на вмешаност во терористички акции.

Ваквиот предлог доведе до поделба во владејачката левица, па дури и самата Тобира беше против него.

Инаку, Тобира во изминативе години како министер за правда често беше изложена на жестоки напади и критики, меѓу кои и поради нејзиното бранење за законот за „брак за сите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top