Силен земјотрес со јачина во 8 степени според Рихтеровата скала го погоди Иран во близина на границата со Пакистан. Разорниот потрес бил почувствуван во целиот Персиски Залив и на Блискиот Исток и Њу Делхи, јавуваат „Ројтерс“ и „Би- Би-Си“.
Според Американскиот сеизмички институт, земјотресот се случил во 12.44 часот по средноевропско време на длабочина од 15,2 киломери, 201 километар југоисточно од градот Захедан, во пустинскиот дел на Иран.
Засега нема информации за повредени или за материјална штета. Потресот силно се почувствувал и во Њу Делхи, како и во Карачи, Дубаи и во Катар.
Според „Њујорк тајмс“, иранската влада соопштила дека очекува голем број мртви.
– Ова е најголем потрес во Иран во последните 40 години. Очекуваме стотици мртви – изјавило официјално лице од Иран.
Во сличен потрес во 2008 година, кој ја погоди кинеската провинција Сичуан со иста јачина, загинаа 68 илјади луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


