Црни хеланки, кратка црвена кожна јакна и високи потпетици се модниот избор на Моника за кој пишуваат светските магазини.
Со насмевка на лицето актерката Моника Белучи се прошета во црни хеланки и ги остави сите присутни без здив. Оваа педесет и едно годишна актерка ги пленеше погледите дури и на жените кои со воодушевување ја гледаа.
Дискретно нашминкана, со големи очила за сонце и едноставна фризура одаваше впечаток ан двојно помлада личност. Моника е мајка на две деца и со гордост во неколку наврати изјавила дека не поднесува вежбање во теретана како и дека обожува колачи и тестенини.
-Не сум од оние кои стануваат во шест часот наутро и вежбаат во теретана. Затоа се воздржувам и не јадам тестенини неколку дена пред снимање на некој филм и тоа е се што правам за мојата линија – навела актерката во една прилика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.