| четврток, 6 декември 2018 |

Ја вратиле од училиште бидејќи била вака облечена

Медисон има 11 години, а во училиште отишла во хеланки и во туника. Професорите ја избркале од час со објаснување дека не е прикладно облечена. Имено, поради хеланките децата не можеле да се сконцентрираат, како што велат тие го прекршила правилникот за облекување.

Нејзината мајка Брук Филдс објаснила дека девојчето носело хеланки со туника, а во училиште заклучиле дека туниката била прекратка. И позајмиле тренерка, а кога ја замолиле да ја повика својата мајка да и донесе нова облека, тие ја одбиле. Утредента во правилникот во кој инаку стои дека е забранета облека која премногу открива ги додале и хеланките.

Тоа за Медисон било еден од првите денови во новото училиште во Канзас. Нејзината мајка смета дека нејзината ќерка со тоа била многу понижена.

– Не сфаќам зошто не смеев да и донесам нова облека, зашто мораа така да ја понижат? Криво ми е бидејќи Медисон беше возбудена поради одењето во новото училиште. Ние сме воено семсјтво и така успеавме да се преселиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top