| четврток, 6 декември 2018 |

Топлото време ќе ја врати маглата

maglaСо повторното воспоставување на антициклонална метео состојба ни се враќа сончевото време на повисоките места, но и маглата низ котлините. Маглата ќе биде поизразена наутро и во дел од претпладнените часови. Околу пладне истата ќе се расчисти, но ќе остане онаа типича заматеност на атмосверата, пишува специјализираниот Метеопро.

Сончевото време останува одлика на повисоките места, гевгелиско-дојранскиот крај, како и на охридско-преспанското крајбрежје.

Наутро ќе биде студено, но „далеку“ потопло во однос на минималните температури кои ги имавме до пред 2-3 дена. Во среда, минималната температура ќе се спушти до вредности во границите помеѓу -4°С и 0°С низ котлините, односно околу 2°С во поширокото гевгелиско подрачје.

Во однос на дневниот максимум, се очекува максимална температура која ќе има вредности од 8°С до 11°С низ котлините, но и на повисоките места. Поширокото гевгелиско подрачје очекува натрпосечна јануарска вредност на максималната температура, околу 14°С.

Во Скопје наутро и претпладне се очекува локална магла. Околу пладне се очекува генерално рзведрување, но не и „избистрување“ на атмосферата. Наутро се очекуваат минимални -2°С, а преку ден максимални 8°С.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top