Полицијата во Келн објави дека итно го бара мажот за кој според изгледот личи дека доаѓа од Блискиот Исток и кој купил големи количини на супстанца која може да се претвори во експлозив.
Властите трагаат по него со помош на жителите. Сомнителниот купил хемикалии на 22 јануари во продавница за домашни производи.
Истражителите на граѓаните им делат фотографии од лош квалитет на кои се гледа црномурест маж, ќелав и со брада.
Полицијата не откри за која хемиска супстанца станува збор, но наведе дека целата работа упатува дека бараниот може да ја претвори во експлозивна мешавина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.