Грција треба да ја разгледа можноста за забрана на крајнодесничарската партија Златна зора, која има 18 мандати во 300-члениот грчки парламент, смета комесарот на Советот за Европа за човекови права, Нилс Муизниекс. Тој ја повика Атина да преземе дополителни мерки за спречување на насилството предизвикано од расизам.
Муизниекс беше во Грција од 28 јануари до 1 февруари и во извештајот од 32 страници вели дека бил сериозно загрижен поради зголемувањето на криминалните активности поттикнати од омраза, кои се наосечни кон имигрантите во Грција.
Во извештајот Златна зора е опишана како неонацистичка и насилна политичка партија, која треба да биде изолирана во согласност со легалните обврски од конвенцијата за човекови права, која ја потпиша и Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


