Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд оцени дека економијата во Македонија е стабилна како и макроекономски перформанси во услови на тешко окружение. Предвидениот раст од два проценти, и покрај ризиците, е остварлив. Шефот на мисијата Ивана Влаткова Холар пренесе декаекономијата и растот во Македонија се мошне добро позиционирани. Мисијата го поздрави расчистувањето на заостанатите долгови на јавниот сектор, кое почна во септември 2012 година и заврши во февруари годинава.
– За натамошно зачувување на стабилната макроекономска средина, среднорочните политики треба да бидат насочени кон поддршка на забрзување на растот – додава таа.
Оценката на ММФ е охрабрувачка, од своја страна истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
– Вкупната оценка е дека нашата позиција во однос на долгот и буџетскиот дефицит е адекватна во времето во кое работиме и дека Македонија има добри изгледи штом се стабилизираат условите во Европа да оствари заздравување на економскиот раст и да се врати на патеката на повисоки стапки на раст – рече Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


