| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка кај „Скопјанка“, три возила се забија едно во друго

Тешка сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Аеродром откако три возила, „сеат ибица“, „цитроен берлинго“ и такси возило „мерцедес“ се забиле едно во друго на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ во близина на трговскиот центар „Скопјанка“.

skopjanka

Дел од булеварот е затворен за сообраќај.

Според првичните информации нема загинати, а повредени се неколку лица.

Полицијата е на местото на настанот и врши увид за причините за сообраќајната несреќа.

Повеќе фотографии на „Телеграф.мк“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top