Дваесетина чешки полицајци, заедно со нивни словачки колеги на 3 февруари ќе пристигнат во Македонија, изјави чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец. Чешките медиуми ја пренесуваат изјавата на Хованец дадена во Амстердам, во која тој посочува дека испраќањето на полицајците било договорено од Владата на Чешка во декември минатата година.
Целта е, по договорот со земјите – членки на Вишеградската група – В4 (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) персонално и технички да се помогне во поефикасна заштита на границите.
Во подготовките на поддршката на Македонија, според чешкиот министер, исто така, учествуваат и претставници на Србија и Словенија, како и други земји од Балканот, со цел помошта да биде што поефикасна.
Хованец потсети дека чешката поддршка би била слична на моделот на работа на чешките полицајци во Словенија.
– Тие дневно помагаат на 600 до 800 луѓе. Тоа не е ,,про-форма” помош, туку многу ефикасна помош, оцени Хованец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)