Хард Рок кафе бара партнери во регионот. Скопје е на мапата на познатиот угостителски бренд. На мапата што ја објави компанијата со портокалова боја се означени земјите во кои активно бараат партнер. Жолтата боја значи дека во тие земји веќе работат, а со сиво се означени земјите за кои во моментов нема интерес.
Во регионот првото „Хард Рок Кафе“ беше отворено лани во Подгорица. Во комплексот „Атлас Капитол Центар“, во сопственост на компанија од Абу Даби.
Овие ресторани се препознатливи по автентичниот амбиент, комбинацијата на паб и ресторан со дополнителни продажни содржини во кои посетителите можат да си купат сувенири и реквизити со познатото лого, како и по повисоките цени.
Синџирот „Хард Рок Кафе“ во моментов поседува 180 филијали во 55 земји, меѓу кои 40 кафетерии, 19 хотели и девет казина.
Во овие локали има оргинални инструменти и музичка опрема од најпознати пеjачи и групи во поп и рок музиката.
Првиот „Хард Рок“ е отворен 1971 година во Лондон, кога американците Ајзак Тигрет и Питер Мортон отвориле сопствен ресторан кој го нарекле „Хард Рок Кафе“. Интересно е дека локалот го изнајмиле само на шест месеци, но работата толку добро тргнала што денес се еден од најпрепознатливите марки во туристичко-угостителскиот свет.
Брендот во 2006 година го купи индијанското племе Семиноле од Флорида за 965 милиони долари. Племето Семиноле има околу 12.000 членови и тие се посебни по тоа што се единственото американско племе кое никогаш не потпишало мировен договор со САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.