Досегашната претседателка на Парламентарното собрание на Советот на Европа, луксембуржанката Ан Брасер, непосредно пред истекот на нејзиниот мандат испрати повик до сите политички партии во Македонија да не ги бојкотираат предвремените параламентари избори, јави дописникот на МИА.
- Не сакам да се мешам во внатрешните работи на Македонија, но сакам да им кажам на сите партии, дека со бојкотирањето на изборите, со непризнавањето на резултатите или со бојкотирањето на парламентот, нема да успееме да живееме во демократија. Потребно е да се прифати играта – рече таа.
Брасер смета дека три месеци се доволни за подготовка на изборите.
-Три месеци пред изборите. Кога гледам други земји каде што премиерот е тој што ги најавува изборите, за многу, многу пократок период, тоа значи дека тоа не е исклучок – рече Брасер.
Досегашната претседателка на ПССЕ, притоа уште еднаш испрати јасна порака до политичките партии во Македонија.
-Ги повикувам оние што не се согласуваат со ова да го прифатат бидејќи тоа е демократско правило – истакна претседателката Брасер Ан Брасер.
Исто како и другите членови на ПССЕ кои ја следат Македонија, ќе можат поизворно да се запознаат со најновиот развој на ситуацијата од страна на македонската собраниска делегација, предводена од пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и членовите Рената Дескоска од СДСМ и Ермира Мехмети од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓани преку Фејсбук повикуваат на бојкотирање на наставата во училиштата поради загадениот воздух
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов
-
Заев: Вистинската опција за уставните измени е Собранието, а не нови избори