| четврток, 6 декември 2018 |

Џаро ја откри причината за влегување во реално шоу

Познатиот менаџер Велибор Џаровски ќе биде дел од седмата сезона на реалното шоу Фарма, а како што изјавил нема да се натпреварува за главната награда до 50 илјади евра.

916

Џаро кој како што сам признал наместил повеќе од 80 фудбалски натпревари во поранешна Југославија, а едно време беше и естраден менаџер на ѕвездите како што се Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Оливер Драгојевиќ, Тереза Кесовија, изјавил за регионалните медиуми дека не сака да се натпреварува за првото место бидејќи сите би помислиле дека е наместо доколку тој победи.

velimir-dzarovski-dzaro1

-За моето име се врзуваат афери и да се случи да победам никој не би верувал дека тоа било по регуларен пат – порачал Џаровски.

Тој додал дека лесно ќе се договори околу хонорарот со продукцијата.

dzaro

-Ќе земам пари колку што ќе ми дадат. Мене парите не мис е важни. Ми беа потребни додека бев млад и здрав. Сега ми требаат само малку пари за да им купам благи на мооите внуци и тоа е тоа. Решив да влезам во реалното шоу затоа што сакам предизвици – порачал Џаро.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top