Бидете дел од втората рунда од собирањето книги кои овој пат одат за формирање затворски библиотеки во организација на Тихомир Јанчовски, Саша Шотаровски и „Децата од нашата улица“.
– Колку што разбравме, фондот на книги по затворите низ Македонија е од постар датум и недостигаат изданија од ’90-тите наваму. Не подарувајте сѐ и сешто, само нешто соодветно. И ве молиме, на книгите што сте одбрале да ги подарите напишете сопствена посвета до непознатиот затвореник. Разбравме и друго, некои затвореници изјавиле дека единственото нешто што ги одржува во живот и им дава утеха и надеж е токму читањето. Подарете книга на 30 јануари, од 11 до 15 часот, и останете со нас на греано вино – велат организаторите.
Акцијата е чисто граѓанска, нема врска со никаква институција, партија, Министерство, општина, НВО, амбасада. Бидете луѓе, подарете книга. И затворениците се луѓе. И Скопје е град, и има луѓе со добра волја и граѓанска свест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.