| четврток, 6 декември 2018 |

Какво време нè очекува неделава?

vreme

Oд вторник, па во деновите што следуваат, се очекува постепено затоплување. Рано наутро во вторник е можно да провее слаб снег на повисоките места во источниот регион, како и локално на повисоките планини низ земјава, но од вторник на пладне се очекува постепено разведрување, пишува „Метеопро“.

Среда ќе биде променлива, но во насока на разведрување во текот на денот. Навечер ќе биде претежно ведро.

Во раните утрински часови во четврток ќе има услови за создавање котлинска магла, која ќе потрае до претпладне, за потоа да се расчисти. На повисоките места се очекува претежно ведро време.

В петок, повторно суво и претежно сончево време. Температурата наутро во вторник низ поголем дел од котлините ќе има вредност од -2 степени до -6 степени, а на повисоките места -8 степени. В среда утрото ќе биде постудено во однос на вторник за 2 степена.

Четврток носи нешто „потопло“ утро. Минималната ќе има вредности околу -2. Наутро в петок потопло во однос на четврток за 2 степена.

Максималната температура ќе биде во „благ“, но постојан пораст. Таа во вторник ќе има вредности од 2 степена до 5 низ котлините, односно 7 во југоисточниот крај.

Среда, потопла од вторник за 3 степени.

В четврток максималната температура низ котлините ќе има вредност меѓу 6 и 9 степени, а на југоисток околу 13 степени. Слична максимлана температура како в четврток ќе се заржи и в петок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top