| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: Врз основа на Закон се покренати петнаесет тужби против техничката министерка Ременски поради незаконско работење

Во однос на дадената изјава за медиумите од страна на техничкиот министер за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски ја информираме јавноста дека врз основа на Закон се покренати петнаесет тужби  против техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски,  поради  незаконско  работење, односно незаконско разрешување на директори на Центри за социјални работи и јавни установи кои се форма на партиски реваншизам и смислено сценарио за блокада на проектите кои се реализираа од страна на министерството, се вели во реакцијата од дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов.

dime_spasov

Техничката министерка за труд и социјална политика го прекрши Законот за Влада  каде е наведено дека сите правни, кадрови и финансиски прашања се потпишуваат од техничкиот министер и од дополнителниот заменик министер.  Согласно Законот за Влада  решенијата за разрешување на директорите немаат правна сила бидејќи не се потпишани и од дополнителниот заменик министер.

Исто така техничката министерка именуваше за в.д директор на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци-Топанско поле, лице кое не ги исполнува условите да биде  директор спротивно на Законот и Статутот на установата.

Техничката министерка направи прекршување на Законот за социјална заштита  каде е утврдено дека  министерот за труд и социјална политика и директорот може да потпишат менаџерски договор за допрецизирање на правата и обврските.
За нејзина информација повторуваме дека  во законот нема рок за потпишување на договорот, ниту пак, е предвиден основ за разрешување на директорот ако не потпише менаџерски договор а ниту законски не е дефинирана содржината на договорот.

Тоа  е договор кој се потпишува во согласност со вољата на двете страни или двете страни треба да ја усогласат содржината на договорот.

Фросина Ременски  незаконски  постапила и со разрешување на  тројца директори, кои беа  разрешени наводно поради тоа што не доставиле годишни извештаи согласно Закон за социјална заштита а истите извештаи се доставени за 2012, 2013 и 2014 година за што има конкретни докази, додека пак рокот за поднесување годишен извештај за 2015 е до крајот на февруари оваа година.

Јавноста знае дека Фросина Ременски е посветена на партиската агенда а не на проектите кои и се обврска. Нејзината агенда е јасна, да ги блокира проектите и  да измислува и да фабрикува лажни афери.  Таа за ваквото незаконско постапување ќе сноси одговорност според Законот.

Жално е што денешната посета на едно  опожарено семејство ја искористи бескрупулозно и за повторно да шири лаги и манипулации за ситни политички поени.

Дополнителен заменик министер за труд и социјална политика

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top