| четврток, 6 декември 2018 |

Овој лик го гледавме во сите југословенски филмови, а не знаеме ништо за него

Актерот Предраг Прежа Милинковиќ е најпознатиот југословенски филмски епизодиста.

Screenshot_1p

Овој доајен на југословенскиот филм и телевизија снимал интензивно повеќе од 35 години и одиграл импресивен број на филмски улоги.

Screenshot_1p2

Прежа Милинковиќ бил познат по прекарот Дезмонд поради неверојатната физичка сличност со истоимениот батлер од класичниот крими – стрип „Рип Кирби“ на Алекс Рејмонд.

Dezmond-i-Kirbi-3

Малку е познат податокот дека Милинковиќ напишал книга „Сусрети“. Популарниот Прежа во неколку сеќавања во форма на краток трилер, забележал најважни политички моменти, напишал кратка биографија и ја скицирал хрониката на своето време. Во приказните зачекорил и во патопис и ја опишал тримесечната турнеја во Америка.

Screenshot_1п3

На големото платно овој актер останал запаметен како чевлар, посластичар, психолог, месар, гробар, кинооператиер, директор на фирма, коцкар, музичар, фризер, селанец, фоторепортер, а облекувал и униформи на офицер. Лекар, кондуктер, поштар, шофер, фудбалски судија, келнер…

Screenshot_1п4

Предраг Милинкковиќ бил и главен актер во два странски филма од криминалистички жанр. Во еден од нив Прежа ја толкуваше улогата на гангстер. Во неговата богата кариера глумел рамо до рамо со Енотни Квин, Орсон Велс, Ален Делон…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top